форсира (св. и несв.)
Можеше да се очекува дека набрзо - што и се случи - на сцената ќе се појават купишта имитатори кои до бесмисленост ќе ја форсираат златната формула.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Ова е вистинската убавица на нашата земја, а не клишето кое вие од Секретаријатот го форсирате, се јави Дарко.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)